Македонски


Оваа година градот Скопје ќе биде домаќин на шестиот по ред Балкански анaрхистички саем на книга (БАСК).

БАСК е манифестација која се организира на регионално ниво, а основната водечка идеја на манифестацијата е Балкан на солидарност и мир, наспроти Балкан на национализам и експлоатација. БАСК досега се има одржано во Љубљана (2003), Загреб (2005), Софија (2008), Атина и Солун (2009) и Зрењанин (2010).

Саемот ќе биде отворен за сите заинтересирани посетители во следните термини:

10ти јуни (петок) од 17ч. до 21ч.
11ти јуни (сабота) од 11ч. до 20ч.
12ти јуни (недела) од 11ч. до 17ч.

Саемот ќе биде одржан во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје.

Влезот е, секако, слободен.


Програмата можете да ја прочитате тука.

Настанот е во организација на Анархистичкиот Фронт заедно со други анархистички групи и поединци од Балканот.

За повеќе информации, контактирајте не` на: anarhisticki.front AT gmail com

No comments:

Post a Comment